Работата со надарените ученици за математика во Република Македонија има долга традиција, која пред сѐ е во организирање на натпревари по математика во основното и средното образование. Но, оваа активност се одвива стихијно, што може да се заклучи од фактот дека ниту една институција или невладина организација досега нема изработено програми и соодветни систематизирани материјали, кои ќе ја поткрепат оваа значајна општествена дејност. Токму последното е цел на овој сајт, во кој се содржани како програми, така и соодветни материјали за работа со надарените ученици за математика во основното и средното образование. Програмите и материјалите кои се наоѓаат на сајтот беа планирани да бидат централен дел од системот на натпревари по математика, но заради одредени случувања од почетокот на 2018 година,
истите се најдоа на овој сајт, чија цел е да ја подржи работата со надарените ученици за математика во нашата држава, независно од тоа кој и како го води акредитираниот систем за натпревари. Постојниот систем на натпревари по математика не ги опфаќа учениците од второ и трето одделение, меѓутоа материјалите кои се содржат на сајтот целосно ги покриваат и овие две возрасни групи и тоа како од програмски, така и од содржински аспект (поглем број математички четива и збирки задачи). Основачите на сајтот и нивните соработници ги повикуваат на соработка сите заинтересирани колеги, сѐ со цел сајтот постојано да се надополнува и надоградува со нови и квалитетни материјали, кои ќе овозможат побрзо напредување на учениците надарени за математика.
Основно образование - Натпревари - 14.09.2025
2. Ристо Малчески - Инверзијата во олимписки задачиСредно образование - Геометрија - 03.09.2025
3. Катерина Аневска - Петнаесет подготвителни задачи за натпревари по математика за ученици од петто одделениеПочетно образование - Геометрија - 03.09.2025
4. Катерина Аневска - 30 задачи за кои треба досетливост и знаењеОсновно образование - Популарно - 03.09.2025
5. Ристо Малчески - Неравенства во правоаголен триаголникОсновно образование - Неравенства - 03.09.2025
6. Самоил Малчески - Некои последици на Питагоровата теоремаОсновно образование - Геометрија - 03.09.2025
7. ТГ - летна школа 2025Натпревари - 03.09.2025
8. Лилјана Стефановска, Љубомир Протиќ - Елементарни функции и функционални равенкиСредно образование - Алгебра - 06.08.2025
Средно образование - Алгебра - 06.08.2025
10. Миодраг Рашковиќ - Вистина како што се два и два четириСредно образование - Алгебра - 06.08.2025
11. Марија Милоложа - Ведска математикаСредно образование - Алгебра - 06.08.2025
12. Raghavendra G. Kulkarni - On the extraction of roots of nonicsСредно образование - Алгебра - 06.08.2025
13. Сибе Мардешиќ - Канторовото тријадско множествоСредно образование - Алгебра - 06.08.2025
14. Петар Грегорек, Младен Вуковиќ - Непребројливост на множеството трансцедентни броевиСредно образование - Алгебра - 06.08.2025
15. Билјана Златановска - Динамика на линеарното пресликувањеСредно образование - Анализа - 06.08.2025
16. Лилјана Џајкоска - Симпсонова праваСредно образование - Геометрија - 06.08.2025
Овој дел на сајтот содржи поголем број математички четива, односно стручни статии од областа на математиката, кои се наменети пред се за работа со надарените ученици за математика. Но, некои од овие четива може да се користат и во редовната настава по математика како во основното, така и во средното образование. Повеќе...
Овој дел на сајтот содржи книги наменети за работа со надарените ученици за математика во основното и средното образование. Меѓутоа, тука ќе најдете и неколку универзитетски учебници, како и постари изданија на учебници за одновно и средно образование, кои според наше мислење далеку го надминуваат нивото и квалитетот на учебниците за основно образование. Повеќе...