Работата со надарените ученици за математика во Република Македонија има долга традиција, која пред сѐ е во организирање на натпревари по математика во основното и средното образование. Но, оваа активност се одвива стихијно, што може да се заклучи од фактот дека ниту една институција или невладина организација досега нема изработено програми и соодветни систематизирани материјали, кои ќе ја поткрепат оваа значајна општествена дејност. Токму последното е цел на овој сајт, во кој се содржани како програми, така и соодветни материјали за работа со надарените ученици за математика во основното и средното образование. Програмите и материјалите кои се наоѓаат на сајтот беа планирани да бидат централен дел од системот на натпревари по математика, но заради одредени случувања од почетокот на 2018 година,
истите се најдоа на овој сајт, чија цел е да ја подржи работата со надарените ученици за математика во нашата држава, независно од тоа кој и како го води акредитираниот систем за натпревари. Постојниот систем на натпревари по математика не ги опфаќа учениците од второ и трето одделение, меѓутоа материјалите кои се содржат на сајтот целосно ги покриваат и овие две возрасни групи и тоа како од програмски, така и од содржински аспект (поглем број математички четива и збирки задачи). Основачите на сајтот и нивните соработници ги повикуваат на соработка сите заинтересирани колеги, сѐ со цел сајтот постојано да се надополнува и надоградува со нови и квалитетни материјали, кои ќе овозможат побрзо напредување на учениците надарени за математика.
Основно образование - Броеви - 16.04.2024
2. EGMO 2024Натпревари - 14.04.2024
3. MMO2024Натпревари - 12.04.2024
4. Turgor2023-24Натпревари - 12.04.2024
5. SEEMOUS 2024Натпревари - 12.04.2024
6. Ристо Малчески, Самоил Малчески - Строго конвексни и рамномерно конвексни нормирани просториВисоко образование - Теориска математика - 19.03.2024
7. Ристо Малчески, Самоил Мaлчески - Основи на финансиска математикаКниги - Универзитетски учебници - 19.03.2024
8. Мeтодија Јанчески, Викторија Илиеска, Анкица Спасова - Нераскинлива врска меѓу математиката, природата и уметностаИсторија на математика - Математиката низ вековите - 19.03.2024
Историја на математика - Математиката низ вековите - 19.03.2024
10. Стево Ѓорѓиев - Стратифициран случаен примерокВисоко образование - Применета математика - 19.03.2024
11. Ристо Малчески, Вера Малческа - Математика 5 - Дискретна математикаКниги - Универзитетски учебници - 19.03.2024
12. Адам Рис и лекомислениот геометарИсторија на математика - Математиката низ вековите - 19.03.2024
13. Ристо Малчески - Домина и коцки за играњеПочетно образование - Множества, логика и комбинаторика - 03.03.2024
14. РММ 2024Натпревари - 02.03.2024
15. Хариз Агиќ, Ерис Ќатибушиќ (уредници) - Збирка задачи по математика (подготовка за натпревари за ученици од VI до IX одделение)Основно образование - Натпревари - 02.03.2024
16. Александар Кавчиќ, Мирослав Антониќ, Војислав Андриќ - Математика 6Основно образование - Редовна настава - 01.03.2024
Овој дел на сајтот содржи поголем број математички четива, односно стручни статии од областа на математиката, кои се наменети пред се за работа со надарените ученици за математика. Но, некои од овие четива може да се користат и во редовната настава по математика како во основното, така и во средното образование. Повеќе...
Овој дел на сајтот содржи книги наменети за работа со надарените ученици за математика во основното и средното образование. Меѓутоа, тука ќе најдете и неколку универзитетски учебници, како и постари изданија на учебници за одновно и средно образование, кои според наше мислење далеку го надминуваат нивото и квалитетот на учебниците за основно образование. Повеќе...