Изборот на шесте задачи кои се задаваат на Меѓународната математичка олимпијада се врши од таканаречената предлог листа на задачи (Shortlist IMO), која се составува од предложените задачи од страна на земјите учеснички. Изборот на задачите го врши Жирито на олимпијадата, а додека самата предлог листа ја составува Комисија за селекција на задачите (Problem Selection Committee), која врши избор и проверка на задачите испратени од земјите учеснички. Меѓутоа, ако Комисијата оцени дека има недоволно добри задачи, тогаш таа може на Жирито да му достави и свои предлози, нешто што многу ретко се случува.