Математички талент

Работата со надарените ученици за математика во Република Македонија има долга традиција, која пред сѐ е во организирање на натпревари по математика во основното и средното образование. Но, оваа активност се одвива стихијно, што може да се заклучи од фактот дека ниту една институција или невладина организација досега нема изработено програми и соодветни систематизирани материјали, кои ќе ја поткрепат оваа значајна општествена дејност. Токму последното е цел на овој сајт, во кој се содржани како програми, така и соодветни материјали за работа со надарените ученици за математика во основното и средното образование. Програмите и материјалите кои се наоѓаат на сајтот беа планирани да бидат централен дел од системот на натпревари по математика, но заради одредени случувања од почетокот на 2018 година,

истите се најдоа на овој сајт, чија цел е да ја подржи работата со надарените ученици за математика во нашата држава, независно од тоа кој и како го води акредитираниот систем за натпревари. Постојниот систем на натпревари по математика не ги опфаќа учениците од второ и трето одделение, меѓутоа материјалите кои се содржат на сајтот целосно ги покриваат и овие две возрасни групи и тоа како од програмски, така и од содржински аспект (поглем број математички четива и збирки задачи). Основачите на сајтот и нивните соработници ги повикуваат на соработка сите заинтересирани колеги, сѐ со цел сајтот постојано да се надополнува и надоградува со нови и квалитетни материјали, кои ќе овозможат побрзо напредување на учениците надарени за математика.

Последно објавено

1. Ристо Малчески, Самоил Малчески - Строго конвексни и рамномерно конвексни нормирани простори

Високо образование - Теориска математика - 19.03.2024

2. Ристо Малчески, Самоил Мaлчески - Основи на финансиска математика

Книги - Универзитетски учебници - 19.03.2024

3. Мeтодија Јанчески, Викторија Илиеска, Анкица Спасова - Нераскинлива врска меѓу математиката, природата и уметноста

Историја на математика - Математиката низ вековите - 19.03.2024

4. Никола Ристeвски - Филозовските песни свирени од математичката трува на Архангел Гаврил

Историја на математика - Математиката низ вековите - 19.03.2024

5. Стево Ѓорѓиев - Стратифициран случаен примерок

Високо образование - Применета математика - 19.03.2024

6. Ристо Малчески, Вера Малческа - Математика 5 - Дискретна математика

Книги - Универзитетски учебници - 19.03.2024

7. Адам Рис и лекомислениот геометар

Историја на математика - Математиката низ вековите - 19.03.2024

8. Ристо Малчески - Домина и коцки за играње

Почетно образование - Множества, логика и комбинаторика - 03.03.2024

9. РММ 2024

Натпревари - 02.03.2024

10. Хариз Агиќ, Ерис Ќатибушиќ (уредници) - Збирка задачи по математика (подготовка за натпревари за ученици од VI до IX одделение)

Основно образование - Натпревари - 02.03.2024

11. Александар Кавчиќ, Мирослав Антониќ, Војислав Андриќ - Математика 6

Основно образование - Редовна настава - 01.03.2024

12. Жарко Чулиќ - Судоку - Задачи 4

Средно образование - Популарно - 01.03.2024

13. Борис Чулина, Ивица Чулина, Марјана Кулиш - Како да се реши било која равенка (со една непозната на множеството реални броеви)

Средно образование - Алгебра - 01.03.2024

14. Ника Утробичиќ - Впишана кружница и плоштина

Средно образование - Геометрија - 01.03.2024

15. Весна Манова Ераковиќ, Абдула Букла - Збирка решени задачи по комплексна анализа (прв дел)

Книги - Универзитетски учебници - 29.02.2024

16. Весна Манова Ераковиќ, Стево Ѓоргиев - Збирка решени задачи по комплексна анализа

Книги - Универзитетски учебници - 23.02.2024

Математички Четива

Овој дел на сајтот содржи поголем број математички четива, односно стручни статии од областа на математиката, кои се наменети пред се за работа со надарените ученици за математика. Но, некои од овие четива може да се користат и во редовната настава по математика како во основното, така и во средното образование. Повеќе...

Книги

Овој дел на сајтот содржи книги наменети за работа со надарените ученици за математика во основното и средното образование. Меѓутоа, тука ќе најдете и неколку универзитетски учебници, како и постари изданија на учебници за одновно и средно образование, кои според наше мислење далеку го надминуваат нивото и квалитетот на учебниците за основно образование. Повеќе...