Олимпијадата за најмалите ученици (Олимпиада
для младших школьников) ја организира
здружението Творческая Лаборатория «Дважды
Два» од Москва и истата во континуитет се
организира од 1997 година. Во 2020 година овој
натпревар со одржал во Русија, Јапонија,
Франција, Украина, САД, Србија, Казахстан,
Бугарија, Белорусија и Австралија, а од 2021
година треба да се одржува и во нашата држава.
Овде само ќе напоменеме дека според нашиот
образовен систем натпреварот е за учениците од
второ до шесто одделение.