Во овој дел се дадени шорт листите кои на основачите на сајтот им се достапни. Од овие шорт листи фактички се врши изборот на задачите за оваа олимпијада. Стандардно, подготовката на шорт листата е во надлежност на домаќинот, т.е. на Комисијата за селекција на задачите, а самиот избор на задачите го врши Жирито на олимпијадата составено од лидерите на екипите и претседателот на Жирито кој го назначува домаќинот.