Европскиот математички куп (EMC) се организира од
2011 година од здружението Млади математичари
Марин Геталдиќ од Р. Хрватска и тоа во две категории:
јуниори и сениори. Иако овој натпревар е од поново
време истиот е на завидно ниво, што резултира со
континуирано зголемување на земјите учеснички (во
2020 година учествувале ученици од 27 држави).