Турнирот на градови (TG) во
математичката јавност се смета за втор
најугледен меѓународен математички
натпревар. Овој натпревар се одржува од
1980 година и тоа во две категории, би
рекле јуниори и сениори. Истиот се
одвива во пет етапи во текот на една
учебна година: две есенски, две пролетни
и летна конференција на турнирот.