Сојузните натпреваи по математика за основното образование се започнати во 1970 година и таа година натпреварот е одржан само за учениците од осмо одделение. Веќе од следната година на Сојузниот напревар учествуваат и учениците од седмо одделение. Учениците од Р. Македонија на Сојузниот натпревар учествуваа се до распадот на Југославија во 1991 година, т.е. тоа е последната година на која учество зедоа македонските ученици. Токму затоа, во овој дел од сајтот се дадени сојузните натпревари до 1991 година, бидејќи истите се дел од историјата на натпреварите по математика на Р. Македонија.