Иранската геометриска олимпијада се организира од 2014 година. На оваа олимпијада се задаваат задачи само од геометрија и тоа на три нивоа: елементарно, средно и напредно. Според наша оценка елементарното ниво е за ученици до 15,5 години, средното ниво е за учениците од прва и втора година средно образование, а напредното ниво е за учениците од трета и четврта година средно образование. Во секое ниво, по правило, се задаваат по пет задачи за чие решавање учениците имаат 4,5 часа. Олимпијадата се организира во повеќе од дваесет држави, но за секое ниво се подготвува единствена ранг листа според која се доделуваат медалите. Во нашата држава оваа олимпијада ја организира Природно-математичкото здружение Армаганка.