Математички талент

Работата со надарените ученици за математика во Република Македонија има долга традиција, која пред сѐ е во организирање на натпревари по математика во основното и средното образование. Но, оваа активност се одвива стихијно, што може да се заклучи од фактот дека ниту една институција или невладина организација досега нема изработено програми и соодветни систематизирани материјали, кои ќе ја поткрепат оваа значајна општествена дејност. Токму последното е цел на овој сајт, во кој се содржани како програми, така и соодветни материјали за работа со надарените ученици за математика во основното и средното образование. Програмите и материјалите кои се наоѓаат на сајтот беа планирани да бидат централен дел од системот на натпревари по математика, но заради одредени случувања од почетокот на 2018 година,

истите се најдоа на овој сајт, чија цел е да ја подржи работата со надарените ученици за математика во нашата држава, независно од тоа кој и како го води акредитираниот систем за натпревари. Постојниот систем на натпревари по математика не ги опфаќа учениците од второ и трето одделение, меѓутоа материјалите кои се содржат на сајтот целосно ги покриваат и овие две возрасни групи и тоа како од програмски, така и од содржински аспект (поглем број математички четива и збирки задачи). Основачите на сајтот и нивните соработници ги повикуваат на соработка сите заинтересирани колеги, сѐ со цел сајтот постојано да се надополнува и надоградува со нови и квалитетни материјали, кои ќе овозможат побрзо напредување на учениците надарени за математика.

Последно објавено

1. Бранко Трпеновски - Елементарен увод во теоријата на веројатноста

Книги - Универзитетски учебници - 05.02.2023

2. Самоил Малчески, Ристо Малчески - Неравенствата на математичките олимпијади

Средно образование - Неравенства - 05.02.2023

3. Владимир Воленец - Рутовата теорема и златните недијани

Средно образование - Геометрија - 05.02.2023

4. Владимир Воленец - Две теореми на Штајнер за потполн четириаголник

Средно образование - Геометрија - 05.02.2023

5. Владимир Воленец - Барицентични координати 1 (афини својства)

Средно образование - Геометрија - 05.02.2023

6. Владимир Воленец - Барицинтрични координати 2 (метрички својства)

Средно образование - Геометрија - 05.02.2023

7. Боривој Суботиќ - Коментар на една задача на П. Ердеш

Средно образование - Геометрија - 05.02.2023

8. Антун Иванковиќ - Хероновата формула како решение на систем функционални равенки

Средно образование - Геометрија - 05.02.2023

9. Ања Цорн, Лилјана Приморац Гајчиќ - Правилни ѕвездести многуаголници

Средно образование - Геометрија - 05.02.2023

10. Алија Муминагиќ - Бабилиерова формула

Средно образование - Геометрија - 05.02.2023

11. Daniela Ferrarello, Maria Flavia Mammana - Triangles with a given special figure

Средно образование - Геометрија - 05.02.2023

12. Maria Flavia Mammana - r-inscribable quadrilaterals

Средно образование - Геометрија - 05.02.2023

13. Д-р Икс - Какуро

Средно образование - Множества, логика и комбинаторика - 02.02.2023

14. Велга Босанчиќ, Тања Големац, Анка Војковиќ - Како да му се помогне на трговскиот патник

Средно образование - Множества, логика и комбинаторика - 02.02.2023

15. Борис Докиќ - Стирлингови броеви

Средно образование - Множества, логика и комбинаторика - 02.02.2023

16. Бојан Ковачиќ, Лука Марохниќ, Рената Опачиќ - За Падoвановата низа

Средно образование - Множества, логика и комбинаторика - 02.02.2023

Математички Четива

Овој дел на сајтот содржи поголем број математички четива, односно стручни статии од областа на математиката, кои се наменети пред се за работа со надарените ученици за математика. Но, некои од овие четива може да се користат и во редовната настава по математика како во основното, така и во средното образование. Повеќе...

Книги

Овој дел на сајтот содржи книги наменети за работа со надарените ученици за математика во основното и средното образование. Меѓутоа, тука ќе најдете и неколку универзитетски учебници, како и постари изданија на учебници за одновно и средно образование, кои според наше мислење далеку го надминуваат нивото и квалитетот на учебниците за основно образование. Повеќе...